понеделник, април 15, 2024
spot_img
ПочетнаШтип NewsУште два смртни случаи од корона вирус во Штип
spot_img

Уште два смртни случаи од корона вирус во Штип

Пациенти на возраст од 70 и 79 години од Кочани и Штип, се најновите во смртниот список на Ковид 19. Како последица на инфекцијата, тие синоќа починаа на Инфективното одделение во Штип.
Битката со болеста таму се уште ја водат уште 51 пациент од кои дури 41 имеет нужност од кислородна поддршка. Останати 47 пациенти се на аневна амбуланта.
Како пациенти на Инфективно се запишани лица од сите општини од регионот, а секаде се бележат и зголемен број на позитивни
Поради големиот број на инфекции, второто полугодие се одложи за две недели, но се уште е неизвесно дали и како на училиште ќе се оди и од 01 февруари. Одлуката за тоа ќе се донесе неделава:
“ До крајот на неделата ќе имаме состаноци и пред почетокот на второто полугодие ќе се има и ставот на Комисијата за заразни болести и на Кризниот штаб. Нашата одлука ќе беше лесна ако ја имавме истата варијанта како што беше во септември и октомври. Сега има нова варијанта, но тоа не значи дека почетокот на второто полугодие со физичко присуство ќе го зголеми бројот на заразени“, изјави министерот за образование Јетон Шаќири.

твстар

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ