Средното текстилно училиште од Штип, Димитар Мирасчиев, на својот Фејсбук профил ја сподели убавата вест за ученикот Мартин Ристов од четврта година, кој пред една година создал колекција, која била издадена во „atelier_persempre“, каде еден модел е избран за „Red Carpet“ на Евровизија 2022.
Се разбира, ова е голема промоција за младите ученици од штипското текстилно училиште.
Штип важи за град на текстилот, а професорите од оваа школа своето несебично знаење сега го крунисале со создавање на млади, врвни, но и супер-модни креатори.
