Како што веќе и беше најавено, утрово во Штип се изврши авионско прскање против комарци, согласно Законот за заштита на населението од заразни болести, за спроведување на превентивна дезинсекција на подрачјето на Општина Штип.
Со третирањето е опфатено целото градско и приградско подрачје, како и целото течение на реката Брегалница на овој потег.
