сабота, април 20, 2024
spot_img
ПочетнаХороскопУТРЕ НИ ДОАЃА НАЈМОЌНАТА ПОЛНА МЕСЕЧИНА – ќе има неверојатно влијание врз...
spot_img

УТРЕ НИ ДОАЃА НАЈМОЌНАТА ПОЛНА МЕСЕЧИНА – ќе има неверојатно влијание врз овие четири знака

Полната Месечина ќе го осветли небото на 16 февруари 2022, во знакот Лав.

Подгответе се за период полн со изненадувања

Ова е храбра и горда полна месечина. Ќе ни всади сила, емоционална стабилност, љубов кон домот и семејството. Некои ликови ќе продолжат сами силно и самоуверено, а за некои пријателството ќе се претвори во љубов.

Полната месечина во Лав најмногу ќе ја почувствуваат Водолијата, Лавот, Скорпијата и Бикот, а еве како ќе влијае на секој знак поединечно:

Овен

Полната Месечина ја осветлува вашата петта куќа на романса, па ќе чувствувате силни емоции. Вие сте знак кој е интензивен и затоа треба да знаете како да ја искористите ваквата енергија за добро и да не се опседнувате со нешто што не е ваше и не ви припаѓа. Дополнително, конјункцијата на Венера и Марс ја осветлува вашата десетта куќа на кариера што ќе ве стави во центарот на вниманието.

Бик

Полната Месечина ја осветлува вашата четврта куќа на домот, охрабрувајќи ве да го најдете балансот меѓу приватниот и професионалниот живот. Венера и Марс престојуваат во вашата деветта куќа на авантури, па така излегувањето од вашата сигурна зона ќе ви донесе и поголема сатисфакција на полето на љубовта. Не ги одбивајте понудите за љубовен состанок кои чекаат на вас.

Близнаци

Полната Месечина ја осветлува вашата трета куќа на комуникација, а ова е момент кој ќе ве направи многу зафатени. Не заборавајте на своето ментално здравје, а со Венера и Марс во вашата осма куќа на интимност, големи се шансите да се поврзете со некого на подлабо ниво.

Рак

Овој транзит се случува во вашата втора куќа на приходи, што ќе ви донесе прашања за тоа колку сте ценети на работното место. Венера и Марс ги здружуваат силите во вашата седма куќа на партнерства, па можно е силно поврзување со друга личност и силен интензитет.

Лав

Полната Месечина е во вашиот знак, а ова е драматичен и интензивен период за вас кој е исполнет со многу страсти. Време е за нови почетоци, особено во оние области каде имате потреба за тоа. Конјункцијата на Марс и Венера настапува во вашата шеста куќа на дневни навики, па можно е да се посветите на убави нешта кои ќе ви помогнат да го зачувате своето ментално здравје, но и севкупна благосостојба.

Девица

Полната Месечина во Лав доаѓа во вашата дванаесетта куќа на тајни и духовност, што може да ви донесе потреба да ги наполните батериите, но и да се посветите на своите цели и соништа. Во меѓувреме, сојузништвото на Марс и Венера во вашата петта куќа на романса ве инспирира да се посветите на љубовта, забавата и романсата.

Вага

Овој транзит за вас доаѓа во единаесеттата куќа на поврзувања и пријателства, што за вас е клучно во овој момент. Се чувствувате како дел од еден поголем тим и тоа ве исполнува, а дополнително Венера и Марс престојуваат во вашата четврта куќа на домот, што ќе ви донесе чувство на хармонија и смиреност.

Шкорпија

Со полната Месечина во вашата десетта куќа на кариера, ќе посакате да сте во центарот на вниманието на вашето работно место. За вашата работа ќе добиете признание од надредените, а тоа дополнително ќе биде изразено и со конјункцијата на Венера и Марс во вашата трета куќа на комуникација. Подгответе се за голема победа!

Стрелец

Вие сте знакот на авантурите, а оваа полна Месечина се случува токму во вашата деветта куќа на авантури. Ќе посакате да ги проширите хоризонтите и да направите нешто ново за себеси. Венера и Марс се во вашата втора куќа на приходи, па затоа бидете искрени кон себеси во однос на тоа што можете да си дозволите овој период.

Јарец

Полната Месечина во Лав ја осветлува вашата осма куќа на интимност, па така ќе бидете подготвени да бидете ранливи и да ги споделите своите емоционални и физички потреби со друга личност. Венера и Марс дополнително го разгоруваат огнот бидејќи се во вашиот знак и ви даваат храброст и самодоверба да бидете свои.

Водолија

Полната Месечина е во вашата седма куќа на партнерства и токму тоа е вашиот фокус овој период. Ќе рефлектирате во однос на тоа колку давате и колку добивате, но не само на полето на љубовта, туку и во сите односи со другите околу вас. Благодарение на Венера и Марс во вашата дванаесетта куќа на духовност, ќе бидете искрени кон себеси и тоа е одлично за време на овој моќен транзит.

Риби

Оваа полна Месечина ви носи повеќе изненадувања, па затоа немојте да се чудите ако некои ваши планови се изместат. Таа се случува во вашата шеста куќа на навики, па така ви носи промени на ова поле. Ќе бидете принудени да најдете некои нови решенија за старите предизвици, а притоа ќе се чувствувате добро и самоуверено. Слушајте ги знаците од универзумот, тие ќе ве носат напред.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ