среда, април 17, 2024
spot_img
ПочетнаМагазинЗдравјеУбава вест за Ина Илиевска: Успешно оперирана и добро се опоравува!
spot_img

Убава вест за Ина Илиевска: Успешно оперирана и добро се опоравува!

Хуманите граѓани помогнаа да се соберат средства за операција на тумор во мозокот во Турција…Операцијата е извршена и како што известуваат нејзините најблиски се поминало во најдобар ред а Ина успешно се опоравува…
Здравствената состојба на Ина се влошила лани во мај, кога почнала да добива епилептични напади. Нејзината мајка Сања вели дека тогаш почнале да прават детални испитувања. Бил дијагностициран тумор во мозокот, за кој докторите потврдиле дека е бениген, но истакнале дека во иднина може да ѝ предизвика поголеми здравствени проблеми.
Својата среќа нејзините најблиски ја споделија и на нивната страница на Фејсбук…

„Здраво на сите! – Сакаме да споделиме една убава вест со сите кои и помогнаа на малата ИНА. Операцијата беше успешна, помина во најдобар ред, Ина е одлична – се консолидираме. Уште еднаш, би сакале да ви се заблагодариме за сето она што ни помогнавте на кој било начин. – Господ е голем, ќе ви врати на сите! 🙏🍀❤️“, напиша нејзините најблиски.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ