понеделник, април 15, 2024
spot_img
ПочетнаМагазинЖивотТри начини да го искористите ТАЛОГОТ ОД КАФЕ
spot_img

Три начини да го искористите ТАЛОГОТ ОД КАФЕ

Сите ние обично фрламе талог од кафе, но постојат добри начини на кои всушност можете да го искористите.

Се покажал како ефикасен не само кога се работи за некои домашни работи, туку и кога се работи за убавина.

Еве како можете сето тоа да го искористите:

1. За пилинг и антицелулитна масажа

Грубите честички и содржината на кисело кафе делуваат како совршен пилинг за кожата. Измешајте талог од кафе со малку вода и кокосово масло и користете го под туш бидејќи ефикасно ги отстранува мртвите клетки од кожата. Ова може да ви помогне да го намалите целулитот со масажа токму на оние места каде што го имате најмногу.

2. Против мравки, полжави и за полевање градини

Ако забележите мравки во кујната, на терасата или каде било во куќата, доволно е да ставите талог од две чаши на послужавникот и мравките ќе се повлечат бидејќи бегаат од тој мирис. Во случај да имате градина, а сте забележале полжави, посипете талог од кафе околу цвеќињата и нема да има повеќе.

Можете да измешате талог од кафе со вода за да ги наводнете цвеќињата и да добиете природна прехрана за вашите растенија.

3. Како природен освежувач

Исушениот прав од кафе ставете го во тегла без капак или завиткајте го во салфетка и ставете го во фрижидер. Во овој случај, кафето делува како природен освежувач, бидејќи ќе ги собере сите непријатни мириси од храната.

Кога лупите кромид или готвите риба, тријте ги рацете со талог од кафе. Мирисот на овие намирници од вашите дланки и прсти ќе исчезне побрзо.

Исто така, со помош на стапчиња за уши, нанесете талог од кафе на гребаници на дрвениот мебел и оставете го да отстои десетина минути, а потоа избришете го со памучна крпа. Оштетувањето на дрвените делови ќе биде помалку видливо.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ