среда, април 17, 2024
spot_img
ПочетнаШтип NewsТешка сообраќајка кај Долни Балван: Едно лице починато, тројца се повредени
spot_img

Тешка сообраќајка кај Долни Балван: Едно лице починато, тројца се повредени

Тешка сообраќајна незгода се случи на реионалниот пат Штип – Кочани, меѓу селата Долни Блаван и Крупиште. Во незгодата учествувале две патнички моторни возила со штипски регистарски ознаки, а истата во СВР Штип е пријавена во 14:50 часот.

Во сообраќајната незгода животот го изгубило едно лице, а тројца со тешки телесни повреди се пренесени во Клиничка болница Штип. На местото на настанот интервенирале и од ТППЕ Штип, а сообраќајот е во прекин.

Се врши увид на местото на настанот и повеќе информации се очекуваат во текот на утрешниот ден.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ