четврток, септември 21, 2023
Google search engine
ПочетнаШтип NewsТешка кражба на лекови од затворската амбуланта, директорот без коментар
spot_img

Тешка кражба на лекови од затворската амбуланта, директорот без коментар

Пријава за основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба“ во Казнено поправната установа Затвор Штип пријавена на 25 февруари во полициската станица Штип. Имено, до нашата редакција пристигна реакција од граѓани кои истакнуваат дека целиот настан бара внимание. На 24 февруари 2022 година се извршувале молерски работи во затворска амбуланта во која се складирани поголеми количини лекови. Според информации од граѓани работите биле извршени од страна на осудено лице кое било зависник од опојни дроги и истото молерските работи ги извршувало без надзор од страна на вработени во затворот. Ден потоа, на 25 февруари во утринските часови кога затворската амбулната била отворена било забележано дека е пробиена вратата во просторијата во која се чувала лекарската терапија за осудените лица, истовремено метадон и бупренорфин и терапија за лекување на нарко зависници. Настанот е пријавен во полиција, осомниченото лице е спроведено на тестирање и утврдено дека истото е позитивно на повеќе видови наркотични средства меѓу кои и на метадон и бупренорфин.

Согласно на ова се поставува прашањето дали лицето кое вршело молерски работи во затворската амбуланта, истите ги извршувало со надзор?

Го прашавме директорот на затворот Мики Тодоров за случајот, но и за негов коментар во врска со настанот. Во телефонски разговор за М-Нет телевизија тој истакна дека е запознаен со целиот настан, но ќе остане воздржан од коментари.

„Во врска со настанот сум запознаен, но дали имало надзор или не треба дополнително да проверам. Во врска со мојот коментар, ќе останам воздржан бидејќи не би сакал да коментирам пред време и да осудувам некого. Најпрво треба обвнителството да излезе со став од истрагата“ – кажа Тодоров.

Инаку, пријави од Казнено поправната установа Затвор Штип често пати може да се забележат во билтенот на СВР Штип, дека е пронајдена прашкаста материја.

Лаура Стојанова М-Нет

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ