среда, април 17, 2024
spot_img
ПочетнаШтип NewsТехничкиот министер Велковски, по најавениот протест на штипските пензионери, на средба со...
spot_img

Техничкиот министер Велковски, по најавениот протест на штипските пензионери, на средба со нив – мора да има решение за секој проблем

Во посета на Здружението на пензионери во Штип, присуствуваа министерот за труд и социјална политика, Ѓоко Велковски, градоначалникот на Штип и претставници од советот. Целта на посетата беше да се овозможи контакт на пензионерите и да се изложат нивните проблеми, со очекување за наоѓање на соодветни решенија. Министерот е децидиран дека секој пензионер мора да биде слушнат и да се најдат идни решенија за нивните проблеми.

„Ќе имаме можност, како што најавив од почетокот на мојот мандат како технички министер, буквално во секој град да ги посетиме и да се видиме со пензионерите. Навистина, тие се категорија на граѓани кои веќе осум до девет месеци се во постојан протест и постојано се активни со одредени барања. Јас, како министер, мора да ги слушнаме и да најдеме решенија за оваа категорија на граѓани, кои се над 340 илјади жители во Македонија“, изјави Велковски.

Претседателот на пензионерите изрази благодарност на министерот кој присуствуваше на средбата, со што им овозможи на пензионерите да споделат своите проблеми.

„Се надеваме дека во оваа прилика нашите пензионери лично и непосредно ќе имаат контакт со министерот и градоначалникот и сите свои проблеми, како што ги тагираат како пензионери, моќе лично да ги изложат. Се надеваме во доследно време истите да бидат решени“, додаде Нетков.

Примањата на пензионерите се проблем кој се соочува веќе осум години по ред, истакна денеска градоначалникот Јорданов. Тој вели дека крајно време е да се направат промени и да се најде решение на проблемот.

„Доколку осум години гледаме дека ништо не се менува, крајно време е да се најдат решенија, особено во однос на примањата на пензионерите. Срамно е да добиваат толку ниски пензии во вакво време на инфлација“, заклучи градоначалникот.

Градоначалникот се надева дека во наредниот период ќе дојде до промени и ќе се реши проблемот со пензионерите, бидејќи е срамно нивните пензии да останат толку ниски во време на инфлација.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ