понеделник, април 15, 2024
spot_img
ПочетнаВидеоТеа Таировиќ ја разбесни цела Македонија откако го промени текстот на „Македонско...
spot_img

Теа Таировиќ ја разбесни цела Македонија откако го промени текстот на „Македонско девојче“ (ВИДЕО)

Српската пејачка која е во постојан подем и која несомнено моментално важи за една од најбараните во регионот, ја налути македонската јавност откако го промени текстот на прекрасната македонска песна „Македонско девојче“.

Таировиќ, која важи за многу популарна и во Македонија, каде постојано настапува во клубови и дискотеки, а колку Македонија е застапена на нејзиниот репертоар доволно покажува фактот што пејачката за Новогодишната ноќ настапуваше токму во нашата земја, од засега непознати причини ја разочара целокупната македонска јавност.

„Кралицата на бакшишот“ како што е позната во регионот, која само од еден настап може да заработи и неколку илјади евра, каде и да се појави прави одлична атмосфера пред се’ поради одличниот изглед и талентот за играње. На еден од последните свои настапи, Таировиќ предизвика скандал откако познатата македонска песна „Македонско девојче“ ја испеа со следните стихови:

-Нема поубаво девојче од Бугарче…

Најпеаната песна од Македонија на сите времиња

Речиси и да не постои човек кој не ја знае. Таа е најпеаната песна од Македонија на сите времиња, како во земјава, така и надвор од неа. Препеана на најмалку 10 светски јазици. „Македонско девојче” се пее и на седенки и на свадби, но и на спортски настани, секаде каде царува убавиот македонски дух.
Малкумина ја знаат приказната за раѓањето на „Македонското девојче”.
„Татко“ на оваа прекрасна македонска песна е бардот Јонче Христовски. Тој бил чест гостин во семејството на Виолета Томовска, со која и самиот соработувал. На една од тие средби, кога ќерката на Виолета – Невенка, го славела својот прв роденден, настанала токму оваа песна, тогаш за прв пат изведена тогаш од Томовска и Кирил Манчевски.
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ