среда, април 17, 2024
spot_img
ПочетнаПолитикаЗеленски преживеал најмалку три обиди за атентат
spot_img

Зеленски преживеал најмалку три обиди за атентат

Според британски „Тајмс“, украинскиот претседател Володимир Зеленски преживеал најмалку три обиди за атентат во последните денови.

„Тајмс“ неодамна објави дека платеници од групaта „Вагнер“ и чеченските специјални сили биле испратени да го елиминираат Зеленски.

Денеска пишуваат дека некои членови на руската Федерална служба за безбедност, кои се против војната, направиле дојава за плановите за атентат до Украина и дека „вагнерите“ претрпеле загуби во своите обиди да го убијат Зеленски.

„Неверојатно е колку добро е информиран тимот што го чува Зеленски“, изјавил извор за „Тајмс“ додавајќи дека еден обид за атентат се случил во саботата цитирајќи ја изјавата од Украина дека чеченски убијци биле елиминирани во предградијата на Киев.

Британски „Тајмс“ претходно објави дека рускиот претседател Владимир Путин испраќа група од речиси 400 платеници од групaта „Вагнер“ го убијат украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Оваа група е приватна милиција, која, според „Тајмс“, добила наредба од Владимир Путин да го убие Зеленски, како и 23 други украински владини функционери, што би ѝ олеснило на Москва да ја преземе контролата врз Украина.

Станува збор за група високообучени платеници контролирани од Евгениј Пригожин, близок соработник на рускиот претседател, кој често го нарекуваат „готвачот на Путин“. Тие наводно пристигнале пред пет недели и им биле понудени огромни суми пари за атентатот на Зеленски.

Да потсетиме, Зеленски во неколку наврати изјави дека е цел број еден додавајќи дека руските специјални сили го бараат.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ