среда, април 17, 2024
spot_img
ПочетнаМакедонија„Студентски отпор“ најави нов протест - Бара исполнување на сите барања!
spot_img

„Студентски отпор“ најави нов протест – Бара исполнување на сите барања!

Студентски отпор“ – организаторот на вчерашниот протест пред Собранието, не е задоволен од договореното на средбата во Собранието меѓу студентите-претставници на универзитетски собранија и пратениците и министерот за образование и наука и повика на нов протест в четврток.

– Јавно соопштуваме дека не сме задоволни од крајниот исход и од одлуките што се донесоа. Ние како студенти остануваме на нашите барања: издвојување средства од буџетот за зголемување на износот на субвенционираниот студентски оброк од 120 денари на 150 денари дневно; издвојување средства од буџетот за израмнување на сумата на стипендиите согласно измените од последното покачување на стипендиите; издвојување средства за реновирање и обезбедување нормални услови за престој во студентските домови, долгорочен план за формирање „студентски градови” и стоп за најавената приватизација на студентските домови и издвојување доволно средства за изземање на студентите од антикризните мерки на Владата за рационализација и штедење струја – објави синоќа „Студентски отпор“ најавувајќи нов протест за 17 ноември.

„Студентски отпор“ во реакцијата наведува дека единственото барање кое е прифатено на средбата е повлекување на измените на предлог-законот за студентски субвенциониран оброк и дека, поради тоа, нема да отстапат сѐ додека итно не се реализираат и другите барања.

– Ве повикуваме в четврток, на Меѓународниот ден на студентите, на масовен студентски марш од 17 часот. Маршот ќе почне од Министерството за образование и наука и заедно ќе се упатиме кон Собранието на Македонија. Ги повикуваме сите студентски организации, универзитетските и факултетските студентски собранија, професори, здруженија и невладини организации да се придружат во нашата борба – објави „Студентски отпор“.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ