петок, април 12, 2024
spot_img
ПочетнаМакедонијаСтрашна сообраќајна несреќа се случила синоќа на патот Штип-Кочани, три лица повредени!
spot_img

Страшна сообраќајна несреќа се случила синоќа на патот Штип-Кочани, три лица повредени!

Тешка сообраќајна несреќа се случила синоќа на патот Штип-Кочани. Биле повредени три лица, од кои едно женско лице на возраст од 30 години од Штип со тешки телесни повреди е хоспитализирана во Клиничкиот центар во Скопје.

Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова за М Нет телевизија изјави дека во несреќата, која се случи кај местото чифличка крстосница околу 20:45 часот, помеѓу три возила и биле повредени тројцата возачи.

Портпаролот на Клиничка болница-Штип, Марина Шуманска потврдува дека синоќа е примено женско лице, но веднаш со тешки телесни повреди е транспортирана во  Клиничкиот центар во Скопје.

Сообраќајот на патот Штип-Кочани синоќа беше во прекин во двата правца, додека траеl увидот.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ