сабота, април 20, 2024
spot_img
ПочетнаПолитикаСтартуваат преговорите Москва-Киев, борбите на терен продолжуваат
spot_img

Стартуваат преговорите Москва-Киев, борбите на терен продолжуваат

Русија и Украина седнуваат на преговарачка маса во Белорусија. Веста ја потврди украинскиот претседател Зеленски.

„Се договоривме дека украинската делегација ќе се сретне со руската без претходно условување на украинско-белоруската граница во областа околу реката Припјат. Александар Лукашенко превзема одговорност дека во време на пристигнувањето, преговорите и враќањето на украинската делегација сите авиони, хеликоптери и проектили кои се наоѓаат на белоруска територија ќе останат на земја“, напиша Зеленски на Фејсбук. 

Средбата доаѓа по поканата која утрово ја испрати помошникот на претседателот Путин.

Во меѓувреме воените дејства продолжуваат. Руската страна информира дека од утрово навлегла во Харков и го заземала градот, додека Украина вели дека нивните сили веднаш ја вратиле контролата. Руското министерство за одбрана информираше дека целосно контролира неколку градови и аеродроми на повеќе локации во Украина како и дека уништила значителен дел од украинското противвоздушно вооружување и воена инфраструктура. Украинските медиуми од утрово објавуваат видео материјали за заробен руски воен конвој во Харков.

Двете страни меѓу себе се обвинуваат за напади врз цивилни цели, а ноќеска гореше големо складиште за нафта во Луганск.

Утрово со свое видео обраќање се јави и рускиот претседател Путин кој им испрати честитка на војниците по повод Денот на специјалните единици.

Во меѓувреме западот испраќа оружје за Украина. Руските медиуми ги објавуваат сликите од Франција и Холандија кои своите пратки веќе ги испратија во Украина.

Руско-украинскиот конфликт е во својот 4 ден а за него, денеска Украина и официјано поднесе тужба против Русија пред Меѓународниот суд во Хаг.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ