Денес, Градоначалникот на Општина Штип Иван Јорданов изврши увид во поставување на асфалтен слој во населба Македонка.
По неколку децении калдрм, конечно жителите на нас. Македонка ќе добијат улици без прашина и кал, а со тоа и нормално одвивање на сообраќајот.
Јорданов дополнително истакна дека ќе се бетонираат и краците со што населбата ќе го добие ликот што го заслужува.
Жителите кои живеат на овој дел од градот се задоволни од сработеното и истакнуваат дека конечно после толку години некој да се сетил за оваа населба.


