Како што веќе и беше ветено и најавено, со поставување на павер елементи и урбана опрема, просторот пред влезовите на станбените згради на ул. Маршал Тито, кои беа запоставени со шут и прашина, денеска добија нов и урбан изглед.
Општина Штип најави дека со ова темпо ќе продолжи и во следните денови, а со цел да се урбанизираат и уредат микро локациите во сите населби во Штип.


