Секој родител сака неговото дете да се развие со цел негов потенцијал. Ако родителот открие дека неговото дете не слуша, делува поразувачки. Но, добра вест е што има решение. Со вистински третман рано во животот, повеќето од децата што се глуви имаат можност да слушаат и да се развиваат нормално. Дури и децата со тотална глувост можат да се вклучат во општеството што слуша, да одат во нормално училиште, да читаат, зборуваат, користат телефон и да уживаат во музиката.
Слухот е важен за развојот на детето
Раната интервенција е најважната работа што може да се направи за глувото дете. Слушањето е круцијално за развој на говорот и говорните вештини. Дури и минимален губиток на слух може да доведе до проблеми со однесувањето и учењето кои можат да го лимитираат детето. Колку порано детето почне да слуша и да зборува, веројатноста да ги надмине пречките на загуба на слух е поголема. Со вградување кохлеарен имплант, детето веднаш ќе ги почувствува предностите. Многу студии покажуваат дека колку се помлади децата, се постигнуваат подобри резултати. Најдобар период за имплантација е до две години за детето да има време да го развие јазикот и говорот со цел свој потенцијал. Д–р Македонка Гарванлиева Николова, оториноларинголог, советува рано да се реагира и рано да се донесе одлука за поставување кохлеарен имплант.

Како функционира слухот?
За да се сфати како функционира кохлеарниот имплант, мора да се сфати како функционира начинот на слушање.
- Звукот патува како звучен бран, кој се движи низ ушниот канал и удира во слушното тапанче.
- Звучните бранови предизвикуваат вибрирање на тапанчето, кое, пак, ги придвижува и слушните ковчиња во средното уво.
- Овие движења ја придвижуваат течноста во внатрешното уво и ги стимулираат сензорните клетки на кохлеата. Кохлеата е дел од внатрешното уво кое веќе разликува различни фреквенции на звук.
- Сензорните клетки од кохлеата ги претвораат механичките вибрации во електрични импулси кои преку слушниот нерв стигаат до мозокот, кој ги перципира како звук.
Што се кохлеарни импланти?
Кохлеарниот имплант е електронско медицинско помагало кое ја заменува функцијата на оштетената кохлеа. За разлика од слушните апарати кои ја зголемуваат јачината на звукот, кохлеарниот имплант ја заменува функцијата на кохлеата и процесира сигнали до мозокот. Кај некого може да се имплантираат и двете уши бидејќи слушањето на две уши ја подобрува функцијата на локализација на звукот и слушањето во бучна средина е подобро. „Се состои од два дела – надворешен и внатрешен хируршки имплантибилен дел. Надворешниот дел преку микрофон и процесор ги собира и селектира релевантните звуци и ги пренесува во внатрешниот дел конвертирани во електрични сигнали преку електрода која го стимулира слушниот нерв кои потоа се пренесуваат во мозокот кој ги перцепира како звуци“.