сабота, април 20, 2024
spot_img
ПочетнаМакедонијаСредношколец: Сакам да се укинат распустите! Сакаме да учиме!
spot_img

Средношколец: Сакам да се укинат распустите! Сакаме да учиме!

Сојузот на средношколци во земјава не запира со своите барања! Откако тие побараа да прекинат протестите на професорите, овој пат средношколците во земјава бараат укинување на летниот и зимскиот распуст со цел да научат што е можно повеќе!

“Зошто да не учиме и во лето и во зима?!? Што, демек ние сме глупи?!? Сигурен сум дека летниот и зимскиот распуст како концепт постои од времето на ВМРО-ДПМНЕ! На нив им одговара да има глупа младина што ќе ги гласа! Јас сакам да учам!

И ние средношколците ќе се буниме се додека не се укине летниот и зимскиот распуст! Што е можно повеќе да учиме треба! Возрасните работат во лето? Работат во зима? Да? Е зошто ние да не учиме? Се сомневаме дека на некого му сметаат интелектуални млади! Сакаме да учиме, сакаме да се укине распустот и сакаме да гласаме за СДСМ на следните избори! И ова е објективно и фер.

Нема врска што чичко ми е висок функционер од СДСМ. Сакаме да учиме! Да живее учењето! Да живее СДСМ!” – изјави еден анонимен член на Сојузот на средношколци во земјава.

Браво, држава со ваква младина нема зошто да се грижи за иднината на “Република Западна Македонија (Shkupi)”. Се надеваме дека ќе им бидат ислушани барањата!

Сторијата е преземена од порталот кооперација.мк

Извор: https://kooperacija.mk/

https://kooperacija.mk/
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ