Штипјани синоќа уживаа на концерт на реконструираната летна тераса во Домот на млади.
За потсетување, пред точно 33 години легендарната група „Леб и сол“ ја отворила летната тераса на Дом на млади, па по тој повод, симболично синоќа повторно настпија на штипската сцена.
Музичкиот бренд на Македонија одново приреди спектакал и потсети на легенрадните музички времиња во култниот центар за млади.
Летната тераса беше преполна од штипјани и гости од цела Македонија, а дека присутните уживаа во музиката и целиот амбиент, сведочат фотографиите кои може да го проследите во продолжение:


