Со пригодна манифестација и положување свежо цвеќе денеска се одбележаа 41 година од смртта на Ацо Шопов.
Преставници од Локалната саамоуправа, политички партии, делегации и пријатели положија свежо цвеќе, а со пригоден говор присутните ги поздрави претседателот на здружението на борци.
„Денес се навршува41 година од неговата прерана смрт. Ацо Шопов е учесник во НОБ од 1941- 1945 година. Се поврзува со врвни поети во Македонија, а неговата поезија е поврзана и со поети од светски ранг. Ацо Шопов е роден на 20 декември 1923 година Штип, а почина на 20 април 1982. Основно училиште и гимназија завршува во родниот град Штип и завршува филозофски факултет во Скопје“ – потенцираше Мицевски.