петок, април 12, 2024
spot_img
ПочетнаМакедонијаСофијанова: Мојот народ многу добро знае која сум јас - Работам и...
spot_img

Софијанова: Мојот народ многу добро знае која сум јас – Работам и кога не сум физички присутна, достапна сум 24/7 за сите дечиња од мојата земја

Директорката на Детската клиника Аспазија Софијанова по вчерашната случка со новинарот Фуркан Салиу ѝ се обрати на јавноста преку статус на Фејсбук. Софијанова жали за вчерашниот настан, но вели дека реагирала бурно затоа што била исправена пред неточни обвинувања за месечните примања. Таа тврди дека работи само на Клиниката за детски болести и дека нејзината плата никогаш не била 300.000 илјади денари.

Сакам на почетокот да изразам жалење за тоа што во текот на вчерашниот ден и начинот на кој се одвиваше комуникацијата во јавност. Секогаш и во секоја прилика во мојата долгогодишна кариера сум била, се уште сум и ќе останам транспарентна за новинарите.

Во текот на вчерашниот ден после 24 часовно дежурство, после предавање на студенти и одржани вежби, добив барање од новинарот Фуркан Салиу да разговара на тема за децата со цистична фиброза. Го поканив и разговорот наместо најавената тема се претвори во настанот кој за жал веќе го видовте вчера во кој реагирав бурно на сосема неточни обвинувања кон мене за месечните примања. Ниту еден денар немам земено надвор од мојата работа, работам само на Клиниката за детски болести и никаде на друго место.

Начинот на пресметка на дежурства е утрвден со соодветен правен акт и истиот се почитува до детал. И, на крај никогаш мојата плата не била 300.000 илјади денари, никогаш. Клиниката е мојот дом ова го знаете многу добро повеќето од вас, мојата вчерашна реакција беше поттикната од шокираноста на обвинувањата за моите дежурства на одделот за интензивна, за сите тешки случаи со дечиња на интензивна, и сите останати одделенија. На секој утрински репорт стои моето име за секоја посериозна одлука, а одлуките знаете станува збор за живот и здравје на дечиња.

Тие се мојот приоритет, јас работам и кога не сум физички присутна достапна сум 24/7 и тоа го имам прифатено како животен стил бидејќи тоа е тоа што го знам најдобро во интерес на сите мои и наши пациенти. Останувам транспаретна и достапна за сите информации, напиша на Фејсбук директорката на Детска клиника проф д-р Аспазија Софијанова. Новинарот Фуркан Салиу покажа документ, за кој на средбата Софијанова потврдува дека е интерен на Клиниката, каде што пишува дека нејзините бруто-примања за септември 2022 година изнесуваат 353,449.00 денати или околу 5000 евра.

Доцна синоќа Салиу објави дека Софијанова го „пријавила“ кај неговите родителити, односно дека преку родителите се обидела да го запре да ја објави веста.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ