среда, април 17, 2024
spot_img
ПочетнаМакедонијаСОНК не попушта : Штрајкот продолжува, денес и утре нови преговори со...
spot_img

СОНК не попушта : Штрајкот продолжува, денес и утре нови преговори со Владата

Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК) најави продолжување на генералениот штрајк на своето членство во градинките, основното и средното образование поради нивните барања за усогласување на платите во просветниот сектор со минималната плата.

„До овој момент немаме вземен договор со ресорните министри околу нашите барања, очекуваме потврда за средба во попладневните часови, но конкретни информации засега нема ништо. Нашето очекување е дека во интерес на децата во училиштата и колегите кои штрајкуваат, Владата ќе изнајде сили да направи напори да ги усогласи нашите побарувања на СОНК во однос на усогласување на минималната плата на национално ниво. И секако очекуваме договор на динамика за усогласување на платите во образованието во текот на оваа година и годините што ќе следат“, изјави предпладнево на прес конференција претеседателот на СОНК Јаким Неделков.

Синдикалецот Неделков истакна дека засега останува штрајкот на просветните работници во сила, појаснувајќи дека денес попладне и утре јавноста ќе биде информирана за напредокот на разговорите со Владата.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ