На 14-та седница од советот на Општина Штип, советниците од ВМРО-ДПМНЕ испратија јасна порака за неприфаќање на ултиматум и одбивање на „францускиот предлог“.
Веќе неколку денови во Скопје се организираат протести заради преговорите со Бугарија и предлогот од претседателот на Франција, Макрон.
Низ Македонија дополнително се организираат и блокади на автопатиштата со цел да се слушне гласот на народот.
Советниците на ДПМНЕ од Штип уште еднаш покажаа дека се од страната на Македонците, па со заедничко позирање решија да овековечат фотографија за спас на Македонија.
