среда, април 17, 2024
spot_img
ПочетнаМакедонијаСлавјанка повторно во акција: Полн товарен воз вооружување - Македонија одново испрати...
spot_img

Славјанка повторно во акција: Полн товарен воз вооружување – Македонија одново испрати оружје за Украина (ВИДЕО)

На социјалната мрежа Телеграм вчера осамна видео-снимка од воз натоварен со воена инженерска опрема и возила, за која се тврди дека е дел од воената помош од Македонија наменета за Украина.

На снимката што ја објавува прорускиот канал @Ryabar, кој го води извесен Дејан Бариќ од Србија, се тврди дека возот со инженерска опрема тргнал од Скопје на 7 ноември и преку Бугарија се упатил кон Украина. На 9 ноември возот стигнал во бугарскиот град Русе, го поминал граничниот премин со Романија, па се упатил преку романска територија кон областа на Одеса, тврди каналот повикувајќи се на свои извор.

На снимката се гледаат повеќе од десет различни типови возила, вклучувајќи оклопни возила за спасување Т-55, камиони М-35, оклопни возила Ленд ровер, возила за итна медицинска помош, булдожери и дигалки…

Каналот уште тврди дека во придружба на опремата патувале и припадници на украинската армија, кои биле сместени во патнички вагон. Оваа пратка наводно требало да стигне во Украина уште во август, но поради проблеми кои не се наведени, транспортот доцнел.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ