среда, април 17, 2024
spot_img
ПочетнаСпорт„Сините“ не ги посака среќата: Брегалница се изнапромашува од 100% шанси, на...
spot_img

„Сините“ не ги посака среќата: Брегалница се изнапромашува од 100% шанси, на крај се задоволи само со реми против Стеауа

Брегалница испушти можност за триумф против романската Стеауа Букурешт на пријателскиот натпревар кој се одигра во Банско, одигрувајќи дуел без голови. Штипските „сини“ беа многу подобар противник на теренот од Романците, посебно во второто полувреме кога не беа искористени четири 100% шанси од кои беше потешко да не се реализира.

По израмнетото прво полувреме во кое немаше никакви шанси на двете страни, најдобриот период во играта на Брегалница дојде во последните 20 минути од средбата, кога избраниците на Илчо Ѓорѓиоски целосно доминираа на теренот. Од 70. до 82. минута не беа искористени три одлични можности за на крајот само 0-0.

Во 74. минута 100% шанса за погодок имаше Димитриевски по проигрувањето од Алтипармаковски, но неговиот шут од 15 метри го одбрани противничкиот голман. Во 79. минута веќе и втората извонредна можност по нафрлувањето на Кудев од десната страна, но топката само сантиметри покрај левиот дирек од голот на Стеауа.

Во 82. минута и најголемата шанса за „сините“. Кудев, по проигрувањето од Алтипармаковски, изби сам пред гостинскиот гол но од 12 метри шутираше млако и противничкиот голман ја одбрани и најголемата шанса до тој момент на Брегалница за триумф. Но, во 90. минута уште една 100% шанса, кога по нафрлањето од слободен удар пред голот на Стеауа сами на неколку метри Мојсов и Ристевски кои не успеаја да го совлаваат противничкиот голман Динка, кој е најзаслужниот што Романците се спасија од пораз.

За Брегалница на дуелот против Стеауа настапија: Шчекиќ, М. Димитриевски, Мојсов, Ристевски, Борха Кордоба, Силјановски, Хаџановиќ, Ѓорѓиев, Касми, Додев и Ѓокиќ. Во второто полувреме уште играа: Коцев, Кудев, Михаилов, Алтипармаковски, Д. Димитриевски…

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ