По крајот на сезоната 2022/23 во Првата македонска фудбалска лига, а со завршување и на договорите, ФК Брегалница ја заврши соработката со четворица досегашни свои фудбалери. Со завршувањето на меѓусебните договори од клубот заминуваат офанзивецот Милан Ѓокиќ, дефанзивците Александар Борха Кордоба и Даниел Мојсов како и фудбалерот од средниот ред, Адис Хаџановиќ.
„По крајот на договорите завршена е соработката со Милан Ѓокиќ, Александар Борха Кордоба, Даниел Мојсов и Адис Хаџановиќ. Во тек се разговорите со пооделни фудбалери на кои им се завршени договорите во желбата за заеднички јазик за продолжување на соработката. Јасно е дека, во желбата за креацијата на новиот изглед на тимот, нашите цели и амбиции се нови адекватни засилувања за максимална компетитивност во Првата лига следната сезона“, вели шефот на стручниот штаб на Брегалница, Горан Здравков.
ФК Брегалница им се заблагодари на Мојсов, Ѓокиќ, Кордоба и Хаџановиќ за досегашниот нескриен придонес за успесите и развојот на тимот, со искрена желба за успешно продолжување на своите кариери.