Музиката, културата и уметноста повторно го вратија сјајот на култниот дом, наменет за младите и генерациите кои лоцираат незаборавни спомени од минатото во оваа институција.
Сашо Гигов Гиш и пријателите со традиционалниот божиќен концерт во Дом на млади ја поттикнаа носталгијата и потсетија на старите добри времиња, години, кога Дом на млади беше некаков дом, прибежиште, кој нудеше можност, но и даваше прилика за развој на уметничкото и културното живеење. Токму овој музички хепенинг послужи како мотив за уште побогата програма во следните месеци.

Февруари беше зачинет со вкусот на виното и топлината на љубовта, а штипјани го прославија Св.Трифун со диџеј „Капа“ и концерт на „Саут Парк“.

Месец март, пак, го донесе познатиотмузичар, организаторна„DIY“настани од Зрењанин, тур-менаџер, Милан Чекрџин – Цеф, кој го претстави неговиот затворски дневник и отворено ја раскажа животната сторија од својот престој во полуотвореното одделение во Сремска Митровица, а гласно говореше и за сите затворски искуства низ призмата на еден активист, вегетаријанец и панкер, со силно наравучение: Како може да се најдеме во невоља, но и кои се последиците од поседувањето недозволени супстанци?!

Месецот на пролетта беше овековечен со традиционален музички хепенинг, а на кој одекна гласот на локалните групи: „Jасмин Бенд“,„Hot Line“,„Локал Драјв“ и „Ука Бука“. Свој печат остави и Игор„Баркли“Стојанов, кој донесе нова тура настендап комедија.



Пред штипски Дом на млади е уште еден голем предизвик, а ново поглавје во месец април ќе отвори одбележувањето на Меѓународниот Ден на џез музиката (30.04.23), како и претходна анимација на публиката со театарска претстава и концерт на големата алтернативна сцена.
Дом на млади оваа година чекори кон мисијата за создавање на наш мал свет,место каде што веќе секој од нас шетал, талкал и ја барал својата причина на постоњето во секое поглавје од својот живот.
Во периодот што следи, ДНМ ќе има комплетно реновиран простор за концерти, а штипјани ќе добијат катче во кое летото ќе уживаат во разновидна уметничка програма.


Дом на млади ги отвора вратите за сите љубители на уметноста, нудејќи излез од монотоното секојдневие, а дополнително го изразува и крикот на младите преку љубов и бунтовност со желба за повеќе култура.


