петок, април 19, 2024
spot_img
ПочетнаМакедонијаСе укинува намалувањето на акцизата за горивата: Од утре повторно ќе плаќаме...
spot_img

Се укинува намалувањето на акцизата за горивата: Од утре повторно ќе плаќаме цела акциза 

Регулаторната комисија за енергетика вечерва би требал ода објави нови цени на горивата кои се очекува да бидат со намалени цени.

Во нив Регулаторот треба да ја врати и старата акциза според која на секој литар дизел граѓаните ќе плаќаат 15,5 денари а на секој литар бензин 22 денари.

Согласно последните измени во законот за акциза, во последната пресметка таа беше намалена за еден денар бидејќи цената на суровата нафта беше над 107,2 долари.

Во моментов имаме цена на суровата нафта која е под 100 долари за барел што значи дека повторно ќе ја плаќаме целата сума на акцизата.

За помалку од една недела барел нафта стана поевтин за 30 долари а РКЕ се уште нема донесено одлука со која ќе има некое позначително намалување на цените.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ