Двојка од САД засекогаш ќе го памети вчерашниот ден бидејќи на свет дојде нивната ќерка Руби. И не само тоа – освен што е родена на 22 февруари во 2022 година, малата Руби се родила во два часот и две минути попладне.
Дека животот на Руби де факто е одбележан со број 2, говори и тоа што на тој ден таа било второто бебе родено во болницата и е второ е дете на нејзините родители.
Американските медиуми пренесуваат дека и мајката и бебето добро закрепнуваат, а болницата на нивниот официјален фејсбук-профил веднаш се пофали со веста за малата Руби.


Вчерашниот датум беше редок палиндром со осум цифри, односно број што се чита исто и од лево и од десно. Бидејќи бројот 2 ја симболизира хармонијата во нумерологијата, важно е да се прифатат двојните енергии.