среда, април 17, 2024
spot_img
ПочетнаШтип NewsСе работи на уредување на тротоарските површини на „Плачковички одреди“, каде што...
spot_img

Се работи на уредување на тротоарските површини на „Плачковички одреди“, каде што програмата вклучува уредување на повеќе од 30 тротоари.

Продолжуваат активностите за уредување на тротоарските површини на повеќе локации во Штип. Павер елементи ќе се постават и на улицата „Плачковички одреди“, а како што истакна градоначалникот Иван Јорданов, од лице место, претходно ова било заборавено и никогаш не било уредено. Дециден е дека во наредните неколку денови ќе се постават павер елементи на неколку тротоари во повеќе населени места во Штип.

„Во рамки на програмата за уредување на градежно земјиште продолжуваат активностите на неколку локации во градот. Овде денес се работи на тротоарската површина на улицата Плачковички одреди. Станува збор за тротоарски површини кои никогаш досега не биле реконстурирани. Очекувам во наредните неколку денови овде да се постават павер елементите и да се продолжи тековно и на останати улици кои се влезени во програмата.“ – вели Јорданов.

Повеќе од 50 улици и повеќе од 30 тротоари се предвидени во програмата за уредување оваа тековна година. По поставувањето на павер елементи ќе се постават и заштитни столпчиња со цел поголема заштита на пешаците.

„По завршувањето на сите тротоари секако обврска на ЈП Стипион ќе биде поставување на заштитни столпчиња за да обезбедиме простор за минување на пешаците. Програмата за уредување на градежно земјиште содржи повеќе од 50 улици, повеќе од 30 тротоари кои ќе се уредуваат. Динамиката ќе завсии од завршување на јавните набавки. – додава Јорданов.

За уредување на тротоарските површини на улицата „Плачковички одреди“ во Штип, општината издвои нешто помалку од 700 илјади денари, буџетски пари.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ