понеделник, април 15, 2024
spot_img
ПочетнаМакедонијаСе запали комбе на патот Радовиш-Штип
spot_img

Се запали комбе на патот Радовиш-Штип

Комбе марка „форд“со тетовски регистарски таблички се запали во движење на експресниот пат Радовиш-Штип, во близина на крстосницата за Рудникот „Бучим“.

Според информацијата на портпаролката на СВР Струмица, Александра Трајанова, запалувањето на возилото било пријавени во Полициската станица Радовиш во 19:30 часот.

-Пожарот го изгаснале пожарникарите од Радовиш, а екипа на полицијата врши увид на местото на незгодата. Во пожарот нема повредени и загинати, изјави Трајанова за МИА.

Заради пожарот се создадоа подолги колони возила од двете страни на патот, а по интервенцијата на пожарникарите нормализиран е сообраќајот, кој извесно време се пренасочуваше по регионалниот пат кон Штип.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ