среда, септември 27, 2023
Google search engine
ПочетнаМакедонијаСе замрзнува малопродажната цена на нафтените деривати еуро дизел и евро премиум...
spot_img

Се замрзнува малопродажната цена на нафтените деривати еуро дизел и евро премиум БМБ 95 во Србија

Со усвоено уредба, Владата на Србија пропиша максимална малопродажна цена на нафтените деривати еуро дизел и евро премиум БМБ 95 да изнесува 179 (1,52 евра), односно 171 динар (1,45 евра) за литар, јави дописникот на МИА од Белград.

Како што е соопштено по седница на Владата, Уредбата за ограничување на цената на нафтените деривати донесена е со цел да се спречи поголемо нарушување и да се зачува животниот стандард на населението, имајќи предвид дека во претходниот период поскапеа овие деривати, што директно влијаеше на порастот на цените на сите други стоки и услуги.

Владата одлучи и сите млади државјани на Србија кои имаат меѓу 16 и 29 години во моментот на аплицирање, имаат живеалиште на територијата на Србија и валидна лична карта, кои не добиле пари со првата финансиска помош во јануари, ќе можат да аплицираат за 100 евра финансиска поддршка во периодот од 16 до 31 мај 2022 година.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ