петок, септември 22, 2023
Google search engine
ПочетнаШтип NewsСе враќаат униформите: Од есен, богати и сиромашни деца во штипските училишта...
spot_img

Се враќаат униформите: Од есен, богати и сиромашни деца во штипските училишта ќе нема!

Од есен, богати и сиромашни деца во штипските училишта ке нема. На наставата , учениците од прво до петто одделение ќе доаѓаат униформирани.

Оваа одлука за граѓаните е прифатлива е добра и ја поддржуваат.

Според некои образовни експерти, униформите имаат големо значење од повеќе аспекти.

Униформите не прават статусна разлика меѓу децата во однос на брендови, ја заштитуваат нивната приватна облека, претставуваат заштеда за семејството, и на еден начин ученикот е видлив кога се движи надвор од образовните објекти, изјави универзитетскиит професор Зоран Киткањ.

Во истата насока, некои сметат дека освен учениците, униформи се потребни и за наставниците. Би било добро и наставникот да е вклопен во средината со децата, да е посветен, а униформираноста само ќе му помогне полесно да ги совлада и пренесе задачите на ученците, додава Киткањ.

Во Штип за новата учебна година ќе бидат изработени околу 2 000 униформи по дизајн на Средното текстилно училиште и УГД .

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ