петок, април 12, 2024
spot_img
ПочетнаМакедонијаСВР Штип со демант: Лицето е лишено од слобода, видеото е старо...
spot_img

СВР Штип со демант: Лицето е лишено од слобода, видеото е старо од пред две години

СВР Штип категорично и целосно ги демантира дезинформациите објавени и споделени на социјалните мрежи од одредени портали со сензационалистички наслови „филмска потера во Штип“.

Прво, видеото објавено со вчерашен датум 04.08.2022 година потекнува од кривично правен настан од пред две години, при што од страна на полициски службеници лицето кое се дало во бегство е фатено и лишено од слобода и кај него била пронајдена наркотична дрога.

Второ, овој кривично-правен настан е целосно расчистен и на лицето кое го извршило поднесена му е кривична пријава за стореното кривично дело.

Ова се фактите, а се друго се инсинуации и тенденциозно пласирање на лажни вести, кои имаат крајна цел да наштетат и на институцијата и на работењето на полицијата како гарант на редот, безбедноста и владеењето на законите.

СВР Штип продолжува со интензивни мерки и активности за санкционирање на прекршителите на законите и со засилено темпо ќе работи на заштита на законитоста како квалитетен сервис во интерес на сите граѓани.

Со изнесувањето на овие лажни вести, порталите ја дезинформира јавноста и ги доведува до заблуда граѓаните на Република Северна Македонија. Затоа, Секторот за внатрешни работи Штип, согласно законот, бара од страна на проталите кои ја објавиле веста веднаш да го објават и овој демант, а невистиниот текст да биде повлечен. Во спротивно ќе ги користи сите законски расположиви средства кои стојат на располагање.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ