Во текот на изминатата вечер (08/09.04.2023) во периодот од 22.00 до 04.00 часот на територија на СВР Штип била спроведена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол.
При контролата биле санкционирани 10 возачи. Санкционирани биле 18 возачи кои управувале возила со брзина поголема од дозволената. За време на контролата биле санкционирани и 44 други видови прекршоци.
Исто така, санкционирани се двајца возачи кои ги паркирале возилата на зелена површина. Апелираме до возачите да се однесуваат совесно и одговорно во сообраќајот, а исто така и да не ги паркираат возилата на недозволени места туку само во рамки на означените паркинг места.
Акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила.