сабота, април 20, 2024
spot_img
ПочетнаСцена„Само Тони“ со голем солистички концерт во Крушево - „OneManBand“ во изведба...
spot_img

„Само Тони“ со голем солистички концерт во Крушево – „OneManBand“ во изведба на новиот албум во „Спомен-куќата на Тоше Проески“ (ВИДЕО)

Во Крушево и официјално е почната културната манифестација „Град на културата“, чии настани се одржуваат во „Спомен-куќата на Тоше Проески“.

Годинава манифестацијата се одвива под мотото „Крушево – жив споменик на културата“, а особено внимание привлекува програмата за месец јуни, која е исполнета со бројни и одлични содржини, многу историски, музички, културни, театарски настани преку кои ќе се опфатат сите генерации.

Досега се бележи огромна посетеност на сите содржини и настани, а со оваа масовност се очекува да се продолжи и во претстојниот викенд.

ФОТО: АГЕНДА ЗА МЕСЕЦ ЈУНИ

За сите љубители на музиката и уметноста, во сабота е најавен солистички концерт на Антонио Ристески, познат како „Само Тони | OneManBand – мултиинструменталист”, кој ќе изведе авторски композиции кои ќе се најдат на неговиот нов албум.

Концертот е закажан на 17-ти јуни со почеток во 20.00 часот во „спомен куќата на Тоше Проески“, како дел од фестивалот „P.S. Guitar-fest Krushevo“.

ВИДЕО: https://www.facebook.com/1187694431/videos/2422003621302740/

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ