петок, април 12, 2024
spot_img
ПочетнаСветСАД во страв и трепет: Русија и Кина започнаа заеднички воени вежби
spot_img

САД во страв и трепет: Русија и Кина започнаа заеднички воени вежби

Русија денеска ја започна еднонеделната воена вежба во која учествуваат сили од Кина и други земји како демонстрација на соработка меѓу Москва и Пекинг во време на зголемени тензии со САД.

Маневрите исто така имаат за цел да покажат дека Москва има доволна воена моќ за масовни вежби, дури и кога нејзините трупи се вклучени во војната во Украина.

Министерството за одбрана на Русија соопшти дека воената вежба „Восток 2022“ (Исток) ќе трае до 7 септември, на седум полигони на рускиот Далечен Исток и во Јапонското Море, а ќе учествуваат повеќе од 50.000 војници и над 5.000 оружје.

Началникот на рускиот Генералштаб, генерал Валериј Герасимов, лично ќе ги надгледува вежбите на кои ќе учествуваат војници од неколку поранешни советски држави, Кина, Индија, Лаос, Монголија, Никарагва и Сирија.

Во соопштението се наведува дека како дел од маневрите, руската и кинеската морнарица во Јапонското Море „ќе вежбаат заедничка акција за заштита на поморските комуникации, областите на поморска економска активност и поддршка на копнените трупи во крајбрежните области“.

Пекинг испрати повеќе од 2.000 војници, повеќе од 300 воени возила, 21 борбен авион и три воени бродови да учествуваат во вежбите, јавуваат кинеските медиуми, пренесува Бета

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ