понеделник, април 15, 2024
spot_img
ПочетнаСветСАД: Ако Русите нападнат, ќе им ја осакатиме економијата. Руски амбасадор: Нè...
spot_img

САД: Ако Русите нападнат, ќе им ја осакатиме економијата. Руски амбасадор: Нè заболе 

Дерек Шолет, висок претставник на американскиот Стејт департмент, утринава појасни што мислеше американскиот претседател Џо Бајден кога рече дека Русија ќе претрпи „брзи и тешки последици” во случај на инвазија на Украина. Шолет утрово како гостин во Би-би-си изјави дека американскиот одговор би одел во две главни насоки.

Првата е воведувањето значајни санкции кои, како што рече, „ќе ја осакатат руската економија“. Другата е зајакнување на силите на НАТО на источните граници на тој воен сојуз и дипломатска изолација, што би значело воено-стратешки чекор назад за Русија.

Зборувајќи за природата на можната руска инвазија на Украина, Шолет рече: „Без разлика на начинот на кој би можело тоа да се случи (воздушен напад, упад на копнени сили…), ако бидат онакви од кои стравуваме, за Украина ќе биде многу опасно“.

Рускиот амбасадор во Шведска Виктор Татаринцев даде интересно интервју за шведскиот таблоид Афтонбладет. Во него тој меѓу другото рече: „Извинете за изразот, но нè заболе за западните санкции“.

„Досега ни беа воведени толку многу санкции и тие, на некој начин, позитивно се одразија на нашата економија и земјоделство“, истакна Татаринцев на одличен шведски јазик. Тој е искусен руски дипломат кој веќе има вршено неколку функции во Шведска.

„Само станавме уште посамостојни и успеавме да го зголемиме извозот. На пример, немаме италијански или швајцарски сирења, но научивме како да правиме подеднакво добри руски сирења според италијански или швајцарски рецепти“, објасни тој.

„Новите санкции не се позитивни, но не се ни толку лоши како што ги претставува Западот“, додаде тој. Татаринцев смета дека западните земји не го разбираат рускиот менталитет, па затоа објасни: „Колку повеќе Западот врши притисок врз Русија, толку посилен ќе биде рускиот одговор“.

Вашингтон вели дека стравува од „иминентна“ инвазија, истакнувајќи дека Москва распоредила повеќе од 100.000 војници во близина на украинската граница и штотуку започнала воени маневри во Црното Море и Белорусија, де факто ја опкружувајќи ја земјата. Но, Татаринцев во интервјуто се обиде да ги убеди новинарите во спротивното – дека Русија се обидува да избегне војна. „Ова е најискрената желба на нашите политичари. Последното нешто што луѓето во Русија го сакаат е војна“.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ