сабота, април 13, 2024
spot_img
ПочетнаСветРусија почна да користи забрането оружје во Украина: Она од што стравуваше...
spot_img

Русија почна да користи забрането оружје во Украина: Она од што стравуваше светот, Русите почнале да користат вакви бомби

Во вторникот, Украина ја обвини Русија за употреба на термобарично оружје, познато и како вакумска бомба, на украинска територија на шестиот ден од инвазијата.

„Денес употребија вакумска бомба, што всушност е забрането со Женевската конвенција“, изјави Оксана Маркарова на новинарите по напуштањето на состанокот со американските конгресмени во Вашингтон. Сепак, западните медиуми досега не успеаја самостојно да го потврдат ова сериозно обвинување.

Но затоа пред неколку дена беше потврдено дека ваквото оружје – поточно рускиот мобилен ракетен систем ТОС-1 – навистина е на пат кон Украина. Си-Ен-Ен го сними во саботата на руско тло на пат во близина на границата со Украина, јужно од Белгород, град во југозападна Русија.

Потврдено е дека оружјето е во Украина

Висок официјален претставник на американската одбрана потврди за Форин полиси во вторникот дека руската војска навистина донела ракетни системи способни да истрелуваат термобарични ракети. Анонимен службеник одби да потврди каде точно руската војска ги поставила термобаричните фрлачи и дали тие се користени.

Вакумска бомба или термобарично оружје, исто така наречена аеросолна бомба, се состои од резервоар за гориво и две експлозивни полнења. Може да се користи на два начина – или со фрлање од авион како бомба или испукување како граната или ракета, пишува Би-Би-Си.

Ова оружје функционира така што со првата детонација го отвора резервоарот за гориво и го распрснува горивото како облак што може да навлезе во секоја зграда, бункер или тунел што не е херметички затворен.

Второто полнење потоа го активира и произведува огромна огнена топка. Детонацијата вшмукува кислород од околниот воздух за да произведе експлозија на екстремно висока температура, која потоа обично произведува експлозивен бран со значително подолго траење од детонацијата на конвенционалните бомби. Експлозијата на вакумската бомба може да ги претвори погодените тела на жртвите во пареа, пишува Ројтерс.

Во 2007 година Русија го тестираше своето најголемо термобарично оружје, таканаречениот „татко на сите бомби“, што предизвика експлозија еквивалентна на конвенционална бомба од 44 тони. Ова ја прави најголемата ненуклеарна експлозивна направа во светот, посилна од американската „мајка на сите бомби“ фрлена во 2017 година врз Талибанците во Авганистан.

Снимките од експлозиите кружат, нема потврда дека навистина се работи за термобарично оружје
Не знаеме на што точно украинските власти ги темелат своите тврдења дека оружјето веќе било користено во нападот, но во вторникот на интернет почнаа да кружат снимки од нападот и експлозијата, за кои некои коментатори шпекулираат дека може да бидат термобарични.

„Во големата експлозија во Харков, не можам дефинитивно да потврдам кое оружје е употребено, но неколку луѓе укажаа дека е термобарично. Можеше да има големо складиште за муниција (кое експлодираше)“, рече твитер известувач за одбраната на ОК.

извор: kurir.mk

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ