понеделник, април 15, 2024
spot_img
ПочетнаПолитикаРусија и Украина на раб на војна
spot_img

Русија и Украина на раб на војна

Рускиот претседател донел одлука да ја нападне Украина, а ивазијата ќе се случи во наредните неколку денови  тврди првиот човек на САД. Според Бајден, меѓу првите цели би бил Киев.

-Од овој момент уверен сум оти Путин ја донел таа одлука. Имаме причини да веруваме во тоа, изјави Џо Бајден. 

Бајден му испрати и порака на шефот на руската држава-  да ги преиспита своите намери и се уште може да ја избере дипломатијата и да ги смири тензиите. 

Според анализите на Западот над 169.000 руски војници  ја опкружуваат Украина додека Русија упорно негира дека се подготвува за напад. На 24 февруари Вашингтон и Москва ќе направат нов обид да се најде компромис и да се смират тензиите, доколку дотогаш  не се случи рускиот напад соопшти Белата куќа. Според Путин ако дојде до договор со САД и НАТО тој треба да се базира на ветувањето дека НАТО ќе претсане да се шири низ источно европските земји. 

Пораки до Путин испратија и дел од учесниците на минхенската безбедносна конфернеција на која Русија  реши да не испрати своја делегација, туку дополнително ја вжешти атмосферата со денешната нова вежна на која се симулираше нукелареа напад ,а лично ја надгледуваше Путин. 

Западните земји ја обвинија Русија дека се обидува да организира лажна криза во отцепените источни територии на Украина како изговор за инвазија. ОБСЕ сооппшти дека изминативе денови забележале драматично зголемување на прекршувањата на примирјето во источна Украина, каде што сепаратистите подржани од Москва и украинските сили се во конфликт од 2014 година.

Водачите на бунтовниците во двете самопрогласени независни области Доњецк и Луганск повикаа на евакуација на населението, изјавувајќи дека Украина го засилила гранатирањето и планира напад. 

Киев негира и порача дека нема да одговори на провокациите. ОБСЕ ги повика инволвираните страни да работат на деескалација. Шефот на руската држава  изјави дека ќе им помогнат на бегалците од Источна Укрина, а претходно потпиша Указ за регрутација на руските државјани во резервниот состав за воена обука во 2022 година.

Емилија Штерјов – Сител Телевизија

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ