вторник, март 21, 2023
Google search engine
ПочетнаМакедонијаРодителите со порака од Штип: Државата ги заборави, но нашата болка е...
spot_img

Родителите со порака од Штип: Државата ги заборави, но нашата болка е иста како и тогаш – Тагата е уште поголема зошто македонските бранители немаат достојни споменици!

Живееме во време на извртени вредности и затоа не зачудува тоа што на припадниците на ОНА им се подигаат монументални споменици, а на македонските бранители скромни спомен обележја, вели Убавка, мајката на загинатиот војник Влатко Петров.

Гледам вели, а солзите сами ми течат. – Солзите ми течат затоа што тие се прават бранители, а нашите деца што се, за кого загинаа, за кого? Нашите деца се отфрлени, некој друг сега е бранител, а нашите деца излегоа дека се небранители.

Меѓутоа тоа е, тешко ми е, не можам да се помирам, изјави Убавка Петрова, мајка на загинат бранител. Горда е што одгледала 24 годишен син, кој животот го положи на олтарот на татковината. – Горда сум што го исчував и му велев, таа работа е тешка, но тој ми рече, мамо некој мора да брани оваа држава, изјави Петрова.

Во Штип, во спомен на четиримината загинати наши сограѓани во конфликтот од 2001-та година, спомен обележје има во паркот Сујтлак.

– Не сум задоволна од споменикот овде што го има. Да се направи биста, на нешто барем да заличи, а ова се само камења со имињата нивни, додаде Петрова. Влатко Петров и Димитар Двојаковски загинаа во заседа кај Ваксинце, како дел од групата која во транспортер се враќаше од терен.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ