Резервирај го твоето тридневно „Јога патување кон Себе“, во мирна приватна вила сместена среде неверојатна природна убавина, а сепак во близина на Скопје.
Овој ритрит нуди совршена можност за продлабочување на вашата јога пракса и пронаоѓање внатрешен мир, без разлика на вашето претходно искуство со јога.
„Секој ден имаме две јога сесии, предводени од мене, преку кои ќе негуваме сила, флексибилност и внимателност“, вели Татијана Јанакиева.
Покрај сесиите за јога, овој ритрит нуди и други активности. Ќе бидат вклучени работилници, медитации и дискусии за длабока работа на себе и холистички начин на живот. Сите практични алатки и сето знаење што ќе го добиете на овој ритрит, може понатаму да ги вклучите во вашиот секојдневен живот. Во програмата ќе бидат вклучени и здрави и вкусни вегетаријански оброци.
Од овој ритрит ќе се вратите чувствувајќи се освежени, ревитализирани и длабоко поврзани со себе.
„Без разлика дали барате релаксација, самооткривање или едноставно одмор од секојдневните обврски и случувања, ви ветувам незаборавно искуство на холистичка благосостојба и лична трансформација“, изјави јога инструкторот Татијана.
За повеќе информации, обратете се со пораче или на +38978-721-837.






