понеделник, април 15, 2024
spot_img
ПочетнаСветРастат тензиите во Украина - Драматични снимки за инциденти и загрижувачки предупредувања...
spot_img

Растат тензиите во Украина – Драматични снимки за инциденти и загрижувачки предупредувања од западот

Расте насилството помеѓу украинските сили и сепаратистите подржани од Москва во Источна Украина. 
Сепаратистите обвинуваат дека украинската војска утрово гранатирала неколку населени места во Доњецката народна република при што загинале двајца цивили.

И Киев пријави жртви – двајца војници загинале додека министерот за внатрешни работи едвај се спасил, откако се нашол под ракетен напад за време на посетата на војниците на позицијата на разделента линија на истокот на Украина.

Вчера имало над 1400 експлозиии во отцепените региони Доњецк и Луганск информираа меѓународните набљудувачи. 

Евакуацијата на цивилите од сепаратистичките територии  продолжува додека мажите кои се во години за борба се мобилизираат.

Во Русија минале 40.000 цивили Сепаратистите тврдат, украинското раковоство негира дека подготвува  офанзива. Со заострувањето на сиутацијата во Источна Украина, рускиот рпетседател Путин и неговиот сојузник белорускиот лидер Лукашенко ја оправдаа одлуката дека ќе продолжи заедничката вежба, која требаше да заврши денеска. Тоа значи дека 30.000 руски војници се на белоруска територија. 

Голем број на аналитиачри се плашат дека наскоро состојбата во Источна Украина би можела да се претвори во конфликт од големи размери. Според западните земји –  Русија се обидува да организира лажна криза во отцепените источни територии на Украина како изговор за инвазија. 

Украинскиот претседател Зеленски вели дека сеуште не знае кое се намерите на Русија. Го кани Путин на средба. Зеленски за време на безбедносната конефренција во Минхен ги повика и членките на НАТО да бидат искрени околу тоа дали сакаат Украина да стане членка на алијансата.

Снимките може да ги погледнете овде.

Емилија Штерјов – Сител Телевизија

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ