петок, април 19, 2024
spot_img
ПочетнаМакедонијаПротестите и понатаму ја брануваат Македонија: Од утре ќе штрајкува Управата за...
spot_img

Протестите и понатаму ја брануваат Македонија: Од утре ќе штрајкува Управата за водење на матични книги, бараат поголеми плати

Од утре на штрајк ќе излезат вработените во Управата за водење на матични книги. Шалтерите за поднесување барање за издавање на изводи од матичната книга на родени, венчани, умрени нема да работат додека не им се покачат платите, а штрајкот ќе почне од 8 часот наутро. Независниот синдикат за водење на матични книги на Фејсбук напишаа дека се решиле за штрајк оти никој не го вреднува нивниот труд. Ова практично значи дека шалтерите за поднесување барање за издавање на изводи од матичната книга на родени, венчани, умрени нема да работат.

Од денеска на штрајк од 16 до 17 часот пред Собранието и Владата излегува и администрацијата. Од Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС) велат дека бараат усогласување на платите во јавниот сектор со минималната плата.

„Aко денеска до 12 часот не се случи нешто, нема ветување за реализација на нашите барања, од 16 до 17 часот почнуваме со секојдневни протести“, вели претседателот на Конфедерацијата на слободнии синдикати (КСС) Благоја Ралповски. Минималната плата е зголемена, но и натаму во јавниот сектор има вработени чии месечни примања се под износот од 18 илјади денари, законски утврдена најниската плата.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ