среда, април 17, 2024
spot_img
ПочетнаМакедонијаПродолжува трендот на намалување на бројот на новозаразени и активни КОВИД-19 случаи
spot_img

Продолжува трендот на намалување на бројот на новозаразени и активни КОВИД-19 случаи

Продолжува трендот на намалување на бројот и на процентот на новозаразени од КОВИД-19. Паѓа и бројот на активни случаи кој изнесува 2091, од кои половината се во Скопје.

По главниот град најмногу активни има во Прилеп 148, во Битола 135 и во Велес 101, додека во другите градови нивниот број е под сто. Без ниту еден случај се Дојран и Пехчево.Во изминатото деноноќие, според статистиката на Институтот за јавно здравје, од направени 1.996 тестови, регистрирани се 198 позитивни на Ковид-19, или 9,9 отсто. Евидентирани се и девет починати, а оздравеле 276 лица. 

 И покрај позитивниот тренд, надлежните засега не планираат укинување или ново олеснување на рестриктивните мерки. Министерот за здравство Беким Сали викендот изјави дека се уште не е време за тргање на мерките бидејќи во земјите каде што тоа е направено имало повторно зголемување на бројот на заразени. 

– Ние како Министерство за здравство, Институтот за јавно здравје и Комисијата за заразни болести постојано следиме што се случува со државите кои што ги прекинаа мерките. Таму имате нагло враќање, односно зголемување на бројот на новоинфицирани. Според новата методологија која се практикува во сите држави, а тоа е мерење на ризикот врз здравствениот систем, не за поединците, еден од индикаторите е бројот на новозаразени, но важен индикатор е и бројот на пациенти кои се хоспитализираат. Според таа состојба, ние се уште не сме подготвени за намалување на мерките, истакна Сали.

Од почетокот на пандемијата, бројот на ковид-позитивни во земјава изнесува 301 491, на оздравени е 290 254, а починаа 9 146 лица. Направени се вкупно 1.922.182 тестирања на Ковид-19.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ