понеделник, април 15, 2024
spot_img
ПочетнаШтип NewsПродавачите на пазарот во Штип загрижени за своето производство, купувачите велат –...
spot_img

Продавачите на пазарот во Штип загрижени за своето производство, купувачите велат – скапо е

Прв пазар во Општина Штип за месец март и последен пазарен ден пред големиот празник Прочка. Раздвиженост на пазарот можеше да се забележи уште во раните утрински часови, но за купувачите цените повисоки споредбено со претходниот петок. Велат – мора да се крати и да се купуваат само најнеопходните производи за живот, бидејќи толку дозволуваат нивните примања.

Дел од продавачите велат дека цените останале исти, друг дел согласни дека има мало покачување, но тоа се должи на фактот дека пораснаа цените на речиси сѐ останато. Истовремено, тие стравуваат дека нивната егзистенција е доведена под знак прашалник, бидејќи со случувањата во Русија и извозот на македонската зелка е стопиран.

Произведувачите додаваат дека изложени се на разни временски услови, пазарот во Штип не е покриен, со што дополнително се отежнува нивниот начин на егзистенција. Инаку, денеска на два дена пред Прочка граѓаните најмногу бараа овошје, портокали и зеленчук, бидејќи цените во маркетите се значително повисоки.

Лаура Стојанова М-Нет

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ