понеделник, април 15, 2024
spot_img
ПочетнаМагазинЖивотПријателство со бенефиции, што треба да знаете?
spot_img

Пријателство со бенефиции, што треба да знаете?

Пријателство со бенефиции или пријатели со привилегии е однос чија цел е спојувањето на пријателството со сексот. Ова е врска меѓу двајца кои веќе долго време се пријатели, но со текот на времето на пријателството му додале и сексуална компонента.

Целта на овој однос е да се одржи пријателството, а работите да продолжат без премногу емотивно зближување. Поради тоа, сексот се доживува како дополнително ниво, а во пријателството ништо не се менува.

Со други зборови, нема чувства, нема обврски.

Ваквата врска има предности бидејќи пријателството останува непроменето, а имате редовен секс со личност во која имате доверба. Нема потреба од секс за една вечер или љубовна афера.

Недостатоци се тоа што не е замена за врска, но може да се појават чувства бидејќи тешко е да се раздели границата меѓу секс и пријателство. Ваквиот однос бара многу комуникација и јасни правила.

Колку и да звучи ова лесно, во пракса пријателството со бенефиции може да биде тешко. Само вие знаете дали овој модел може да функционира за вас двајцата, односно дали редовниот секс вреди за потенцијално уништување на пријателство.

Затоа е потребно да поставите јасни правила и апсолутно да бидете отворени еден кон друг.

Три правила за пријателство со бенефиции:

1. Без галење, преспивање и внимателно со комплиментите

2. Отворен разговор за пријателството со привилегии, бидејќи ако чувствувате нешто повеќе што резултирало со секс, тогаш треба да ги разгледате шансите за врска.

3. Соочување со љубомора

Пријателството со бенефиции може да се сфати и како еден вид отворена врска. Ако немате ништо против ваквиот модел на однос, ако не сакате врска и моментално не ве интересира љубовта, на пријателството може да му ја дадете оваа привилегија.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ