среда, април 17, 2024
spot_img
ПочетнаМакедонијаПриведеното лице не било виновно: Полицијата го ослободи Никола за заканите со...
spot_img

Приведеното лице не било виновно: Полицијата го ослободи Никола за заканите со бомбите во средните скопски училишта

После 10-часовни испитување полицијата рано утрово го ослободи Никола Николовски (23) кој синоќа беше приведен како осомничен за лажните пријави за бомби во средните училишта во Скопје. Очигледно е дека се работело за класично подметнување, објави МКД.МК.

Како што пишува порталот, испраќачите на заканите за поставените бомби во средните училишта го ставиле името на Николовски и неговиот телефонски број во мејловите со заканите. Полицијата веднаш го привела Николовски и по 10-часа испитување и претрес во неговиот дом, тој е ослободен.

Никола Николовски е член на идеолошкиот и аналитички центар Конзерватив.мк кој вчера реагираше на ваквото приведување:

„Никола пред сѐ е општествено одговорен граѓанин, наш активист е активно вклучен во борбата против дезинформациите и кој со гордост ја претставувал Македонија на многу настани, натпревари и конференции, вклучително и во Европскиот Парламент. Ова е класичен напад врз слободата на говор, демократијата и начин како да се притиснат неистомислениците. Но, слободната мисла секогаш на крајот победува, па затоа ќе се погрижиме овој настан да биде целосно расветлен пред органите. Вистинските лица кои стојат позади овој нарачан напад мора да понесат целосна одговорност за да се осигураме дека во иднина нема да постои можност од повторување на слични настани“.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ