петок, април 19, 2024
spot_img
ПочетнаМакедонијаПредложениот закон за една изборна единица да влезе во собраниска процедура, порача...
spot_img

Предложениот закон за една изборна единица да влезе во собраниска процедура, порача Милошоски

Предложениот закон за една изборна единица треба да влезе во собраниска процедура и да дојде на комисиска расправа за да може секој да го искаже своето мислење, порача пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски.

Тој повтори дека ВМРО-ДПМНЕ како пратеничка група и како коалиција го поддржува изборниот модел – една изборна единица, којшто би требало во иднина да биде усогласен согласно компаративното право и изборниот праг кој што би се применувал.

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ денеска оствари средби претседателите на политичките партии ДОМ, ТДП и Српската странка во Македонија во однос на изборниот модел, со кои, како што кажа Милошоски, имаат заеднички гледишта.

извор: МАКФАКС

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ