сабота, април 13, 2024
spot_img
ПочетнаПолитикаПрвата реакција на Северна Кореја за руската инвазија: САД е „вистинската причина...
spot_img

Првата реакција на Северна Кореја за руската инвазија: САД е „вистинската причина за украинската криза“

САД се „вистинската причина за украинската криза“, објави Северна Кореја во својата прва официјална реакција по руската инвазија на Украина.

Вашингтон спроведува политика на „воена надмоќ со игнорирање на легитимното барање на Русија за нејзината безбедност“, се вели во пораката објавена на веб-страницата на севернокорејското Министерство за надворешни работи во саботата, потпишана од Ри Џи Сонг од Истражувачкиот институт за меѓународна политика.

„Вистинската причина за украинската криза е во авторитаризмот и самоволието на САД“, се додава во пораката.

Ри ги обвинува САД дека имаат „други критериуми“ кон остатокот од светот. Тој го обвинува за мешање во внатрешните работи на други земји во име на „мирот и стабилноста“ и „без добра причина ги осудува мерките за самоодбрана на (тие) земји со цел да ја гарантира сопствената безбедност“.

„Помина времето кога САД владееше како господар“, се вели во пораката.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ